fbpx

Објектив

Погледни подобро

ВЛАДАТА ЌЕ РАСПИШЕ ТЕНДЕР ТЕЖОК 22 МИЛИОНИ ЕВРА

Конечно ќе се распише тендер за инвестиција од 22 милиони евра во Липково, со што би требало да се реши долгогодишниот проблем со водата за пиење и наводнување во општина Ликово.

Оваа вест ја јави Министерството за земјоделство, дека на нивни предлог Владата на денешната седница ја донела информацијата за одобрување на тендерска постапка.

„По предлог на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, на денешната седница, Владата ја донесе информацијата за одобрување на тендерската постапка од пред неколку години за изградба на брана на река Слупчанска“, се вели во соопштението.

Од Земјоделство додаваат дека инвестицијата ќе треба да се реализира во рок од четири години, со вкупна вредност од околу 22 милиони евра.

„Ова е најголемата капитална инвестиција што ќе се случи во Општина Липково“, нагласуваат од Министерството во соопштението.

Портенцираат дека со ова се очекува да биде целосно решен  проблемот со вода за пиење и наводнување на земјоделските површини.

error

Ви се допадна објавата? Споделете на: