fbpx

Објектив

Погледни подобро

ГОСТИ БИЛЕ ЗАБАВУВАНИ ОД СТРАНА НА ЧЕТИРИ СТРАНСКИ ДРЖАВЈАНКИ

Четири странски државјанки утрово се приведени во полициска станица под сомнение дека нелегално работеле во угостителски објект во близина на Гостивар.

Според СВР Тетово, полициски службеници на Одделението за внатрешни работи Гостивар спроведеле акциска контрола утрово околу 1:30 часот во угостителски објект лоциран покрај автопатот Гостивар-Тетово.

Во локалот сопственост на Р.Б. (46) од Гостивар биле затекнати четири странски државјанки, од кои три од Република Албанија и една од Република Косово.

По извршената контрола биле лишени од слобода поради злоупотреба на туристичкиот престој, односно престојување спротивно на целта. Тие се задржани во Полициската станица Гостивар за натамошна постапка.

error

Ви се допадна објавата? Споделете на:


Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/grommk/public_html/objektiv.com.mk/wp-includes/functions.php on line 5279

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/grommk/public_html/objektiv.com.mk/wp-content/plugins/really-simple-ssl/class-mixed-content-fixer.php on line 107