ММФ СО ПРОГНОЗА: ЕВЕ КОЛКАВ ПАД ЌЕ ИМА НАШАТА ЕКОНОМИЈА
Меѓународниот монетарен фонд констатира пад на економијата во Македонија и регионот.
Економијата во Македонија годинава ќе има пад од 5,4%, проекција која е многу полоша од априлската, кога се очекуваше негатива од 4 отсто.
Ова го предвидува ММФ во најновиот Извештај. Подобри бројки очекуваат наредната година, кога БДП би остварил раст од 5,5 отсо.
Годинава би ја завршиле со инфлација од 0,9%, и дефицит на тековната сметка од 4,7%.
Најмногу ќе страдаат сиромашните земји, кои ќе имаат потреба од финансиска помош од другите земји.
Според ММФ бројот на отпуштени работници ќе расте, а сиромашните ќе бидат уште посиромашни.
Но, од ММФ предвидуваат дека глобалната рецесија, предизвикатана од корона кризата ќе биде послаба отколку што се очекуваше.