fbpx

Објектив

Погледни подобро

ОВА СЕ НОВИТЕ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА ОД ПОЛНОЌ

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,42%, во однос одлуката од 5.10.2020 година.

Од вечерва на полноќ малопродажните цени ЕУРОСУПЕР БС-95, ЕУРОСУПЕР БС-98, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 0,50 денар/литар.

Од 14.10.2020 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 59,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС -98 61,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 50,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 50,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 26,863 (денари/килограм)

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,895 ден/кг и ќе изнесува 26,863 ден/кг.

Во изминатиот седумдневен период сите референтните цени на светските берзи бележат зголемување: кај бензинот за 2,145%, кај дизелот има зголемување за 5,395%, зголемување има и кај екстра лесното масло за 5,664 %, додека кај мазутот има зголемување за 6,216% .

Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е понизок за 0,616%.

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 14.10.2020 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

error

Ви се допадна објавата? Споделете на:


Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/grommk/public_html/objektiv.com.mk/wp-includes/functions.php on line 5279

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/grommk/public_html/objektiv.com.mk/wp-content/plugins/really-simple-ssl/class-mixed-content-fixer.php on line 107