СЗО: Од декември вакцини против коронавирус
Вакцините против ковид-19 најверојатно ќе бидат достапни во декември или почетокот на 2021 година за доставување до регулаторите за одобрување, соопшти Светската здравствена организација.
„Многу е охрабрувачки да се види напредок во клиничките испитувања што се случуваат низ целиот свет. Како што знаете, имаме околу 40 кандидати за вакцина во одредена фаза на клинички испитувања, а десет од нив се во трета фаза, а тоа се клинички испитувања во доцна фаза, што ќе ни дадат информации за ефикасноста и безбедноста“, изјави Сумја Сваминатан, главен научник на СЗО.
Таа исто така рече дека најраниот датум кога вакцината може да се најде на пазарот е „од почетокот на декември 2020 година, до почетокот на 2021 година“.