Jaкимoвcки за слyчajoт со Димoвa: Hac кoгa нe coмничea нe нe викaa дa обjacнyваме, за нив членот 353, злoyпотpeбa на cлyжбена должнocт нe вaжи
Своевремено во поранешна Југославија присуствував на седница на претседателство на младината на Југославија на која гостин беше тогашниот Министер без ресор во владата на Бранко Микулиќ, професор Оскар Ковач. Меѓу другото, тој зборуваше за југословенскиот извоз а посебно за нас беше интересна ставката „живи коњи и магарци“. Го потпрашавме министерот Ковач уште еднаш и се изнасмеавме, а тој ни објасни дека Југославија остварува сериозен девизен прилив од извоз на „живи коњи и магарци“ и дека претежно истите завршуваат во западноевропските кланици. Така беше во Титова Југославија.
Коњите и магарињата ги товаревме, јававме и на крај ги праќавме во кланица.
Денес ниту се јаваат, ниту се товараат, туку се едуцираат и тоа по програмата Еразмус по западноевропски терк. Очигледно дека според овој западноевропски терк за овие племенети животни за едукација некој земал 80 илјади евра со цел да ги научат магарињата да викаат да живее НАТО да живее Европа.
Светот се сврте наопаку магарињата се едуцираат, во берберница веќе не можеш да видиш човек како се шиша туку се зема 280 илјади евра за едукација на бербери кои сакаат да шишаат ќелави луѓе и тоа според програмата Еразмус.
Покрај резилот со Фондот за иновации, кој знае што све има во оваа програма на чие чело е Лидија Димовска. Наместо истата да ја затвори муцката таа се раскокодакала како кокошка кога ќе снесе јајце. Не само тоа, уште ни порачува да сме се стрпеле таа се ќе објаснела и правдата ќе излезела на виделина.
Како паталец, а не гаталец сакам да ја едуцирам госпоѓата Лидија дека нас кога не сомничеа за злоупотреба на службена функција не не викаа да се објаснуваме за да правдата да излезела на виделина, туку наутро во 5:30 часот доаѓаа да не апсат. Не приведуваа и појма немавме за што сме лишени од слобода, а причината за апсењето и за што сме осомничени ја дознав кај Судија за претходна постапка. Веројатно тоа беше македонски начин на истерување на правдата на виделина, а тоа значи те апсат, те ставаат зад решетки и кому ќе кажеш дека за ништо не си крив?
Сега очигледно сме напредувале и тоа европски, а тоа значи тие што се кабаетлии прво објаснуваат, плукаат по опозицијата, фрлаат ракавици во лице па потоа се разјаснуваат со истражните органи и нормално на крајот очекувам да ни соопштат дека се било согласно законите.
За нив членот 353 став 5 односно злоупотреба на службена функција не важи. Тој член се однесува само на опозицијата.
Своевремено во поранешна Југославија присуствував на седница на претседателство на младината на Југославија на која…
Posted by Stevco Jakimovski on Monday, October 12, 2020