fbpx

Објектив

Погледни подобро

ЕУРОСТАНДАРД ПРОПАДНА, КЕРМЕС ЌЕ НИКНЕ ВЕЛИ СЕМЕЈСТВОТО КОСТОВСКИ

По 15 години поминати во урнатини „Кермес“, повторно ќе се издигне. Семејството Костовски, кои се сопственици на овој објект најавуваат камбек во бизнисот со целосна изградба на некогашниот ресторан.

Олга Костовска за ТВ 24 ја потврди информацијата дека таа ќе биде одговорна за неговата обнова. „Кермес“ ќе го обележи времето во коешто живееме со нови содржини кои ќе бидат од јавен интерес, вели Костовска..

Засега сопствениците не откриваат колку ќе чини изградбата, повеќе информации најавуваат следните месеци. Денес објектот „Кермес“ е во руинирана состојба. Се уште стојат столбовите од првиот обид Кермес да се возобнови, но веројатно, сега се ќе се прави одново. До оваа одлука семејството дошло по повеќе години тапкање во место и спор со градот Скопје за дел од парцелите околу објектот, кој заврши во нивна полза.

Кермес претставуваше култно место за семејни прошетки, за први љубови, за први свирки, за први гурмански јадења. Еве како дел од  старите скопјани се сеќаваат на неа.

Дали ќе се вратат и ваквите спомени останува да се види. Иако оргиналниот објект на Кермес не постои со години, тој сепак е едно од малкуте места кои сеуште ја носат приказната за старо Скопје. Неговата култна улога и интересна локација се очекува да се возобнови преку повторно реализирање на проектот.

Најавата за обнова на Кермес, доаѓа по крахот на Еуростандард Банка, што досега беше главен бизнис на семејството Костовски. Неколку месеци пред случувањата со банката пак, семејството го продаде и Еуролинк осигурување.

error

Ви се допадна објавата? Споделете на:


Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/grommk/public_html/objektiv.com.mk/wp-includes/functions.php on line 5279

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/grommk/public_html/objektiv.com.mk/wp-content/plugins/really-simple-ssl/class-mixed-content-fixer.php on line 107