СКОПЈАНЕЦ СЕ ЗДОБИЛ СО ТЕШКИ ТЕЛЕСНИ ПОВРЕДИ ВО АВТОБУС НА ЈСП
Настанот се случил вчера попладне на булеварот Јане Сандански во Скопје,
„Во автобус, управуван од Б. М. (59) од Скопје, при сопирање, патникот Б. А. (22) од Скопје паднал на подот од автобусот и добил тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница Св. Наум Охридски“, информира МВР.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.