fbpx

Објектив

Погледни подобро

Jавното претпријатие „Лајка“за грижа и заштита на бездомните животни официјално почнува со работа од денес

Денеска градоначалникот Петре Шилегов го прогласи за отворено новото Јавно претпријатие за грижа за заштита на бездомните животни кои скитаат низ метрополата.

„Лајка“ е комплетно нов стационар, уреден и опремен по сите светски стандарди, кој располага со 200 засебни апартмани обезбедени со подно греење. Нуди можност за тестирање, вакцинирање, стерилизирање/кастрирање и чипирање на секое од кучињата.

Стационарот „Лајка“ располага со две операциони сали, оддел за интензивна нега, тријажен дел и постоперативен простор со 20 легла, салон за нега на кучињата, СОС линија, како и специјално изградениот Парк за интеракција, преку кој кучињата кои биле жртви на траума низ игра и забава ќе добијат прилика да стекнат навики за ресоцијализација.

„Во рамки на стационарот овозможивме и едукативен центар во кој најмладите ќе можат да добијат едукација, како и прилика за вдомување на некое од кучињата“, вели Шилегов.

„Со овој проект, наша цел е ‘Лајка’ да прерасне во првото место на кое ќе помислат граѓаните кои сакаат да вдомат куче, и истовремено да се потрудиме сите здрави и способни кучиња да најдат дом кој го посакуваат, затоа што секое куче заслужува втора шанса“.

Стационарот „Лајка“ е нешто кое на Скопје долго време чекаше. Кучињата скитници со години се проблем за граѓаните кои често се напаѓани и каснувани, а Град Скопје досега како одговорна инстритуцаија губеше и судски спорови од оштетени граѓани.

Отворањето на новиот стационар ЈП „Лајка“

Posted by MИА.mk on Wednesday, October 14, 2020

error

Ви се допадна објавата? Споделете на: