Жена и момче нападнати на Бит Пазар
Вчера во 11.35 часот, Д.Ѓ.(30) од Скопје пријавил дека околу 11.30 часот на подрачјето на Бит Пазар бил физички нападнат од неколку лица. Во врска со настанот бил приведен И.Ф. (56) од Скопје и се работи на расчистување на случајот.
„Исто така вчера во 15.30 часот, С.М.(54) од Скопје пријавила дека околу 13.00 часот на подрачјето на Бит Пазар била физички нападната од едно лице. Се работи на расчистување на случајот“, информираат од МВР.