МАЛОЛЕТНИК ВО ЧАИР ПРЕГАЗИЛ ПЕШАК И ИЗБЕГАЛ
Пешакот С.С. на 38-годишна возраст загина во скопски Чаир откако бил прегазен од малолетник кај раскрсницата која ги поврзува улиците „Втора македонска бригада“ и „Христијан Тодорвски Карпош“, соопшти МВР во билтенот.
Прегазениот починал на самото место, а бил удрен од возило со кое управувал седумнаесетгодишник, кој патем избегал од местото на настанот.
Тинејџерот возел шкода октавија“ со скопски регистарски таблички, а потоа бил пронајден од полицијата.