НЕМА ДОГОВОР ЗА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Првите луѓе од македонската и бугарска страна Драги Георгиев и Ангел Димитров соопштија дека нема конечен договор за Гоце Делчев по дводневна научна расправа мешовитата македонско – бугарска комисија за историски и образовни прашања.
На дводневната средба биле ставени на маса неколку нови предлози и идеи за проблемот со Гоце Делчев. Георгиев рече дека на маса има нови предлози и нови идеи за ова прашања коишто ќе се разговараат во Софија. На прес конференцијата тој рече дека не е постигнат конкретен договор за Гоце Делчев, но се надева дека во иднина ќе може да се дојде до поконкретни преговори.
– Ова беше 100-тата средба на која продолжија разговорите. Два дена имаше нмапорни дискусии. Договорено е до крајот на годината да има уште една средба, а догодина уште пет. Во текот на овие два дена, имаше дискусии за учебниците за 6 клас во бугарскиот образовен систем, и дикусија за Гоце Делчев. Постигнавме суштински напредок и остваривме една препорака во однос на учебниците.“ рече Георгиев.
Бугарскиот историчар Ангел Димитров изјави дека преговорите водат политичарите, но дека сега се водела научна дискусија за историјата. До крајот на годината ќе има уште една средба на Комисијата, најави Димитров, зашто има уште многу елементи за кои што треба да стане збор.
Димитров средбите ги опиша со метафора „облачно со многу дожд и по малку сонце“. Сепак рече дека за Делчев ќе се дискутира и понатаму. Според Димитров немало време ниту можност да се направи напредок за Гоце Делчев.
„Ништо ново, нема сензации, тоа што досега го разговаравме. За жал, немавме време, иту моност да постигнеме нешто понапред заа Гоце Делчев.“ – рече Димитров.