НA ВЕЛИKА БРИТАНИЈА И СЕ ЗАКАНУВА НЕДОСТИГ НА ХРАНА
Извршниот директор на најголемиот британски супермаркет „Tesco“ смета дека може да има краткорочен недостиг на свежа храна кога во јануари ќе заврши преодниот рок за напуштање на Велика Британија од Европската унија.
„Не можеме да ја исклучиме можноста за некаков недостиг на свежа храна, барем за некое време“, рече Ален во интервју за „Bloomberg“.
„Националните резерви на храна ќе продолжат, но може да има некои работи без кои можеме да научиме да живееме неколку недели, веројатно неколку месеци“, рече тој.
Ален, кој е и потпретседател на Конфедерацијата на британската индустрија, рече дека изгледите за потешкотии на влезните британски места се во „најлошото можно време за прехранбената индустрија“. Повлекувањето на Велика Британија од единствениот пазар и царинската унија следи по напорниот божиќен период кога магацините со храна се преполни со производи и има „многу малку слободен капацитет за создавање резерви“.
„Tesco“ и другите британски супермаркети работат многу напорно за да создадат „максимална можна залиха“ за да помогнат во ублажување на можната криза во јануари.
Британската малопродажна индустрија ја повикува владата да постигне договор со ЕУ, најголемиот трговски партнер во земјата. Според британскиот малопродажен конзорциум, околу 80% од увезената храна што се продава во супермаркетите доаѓа од блокот.