СКОПЈЕ ЌЕ ДОБИЕ ВОДА ДОЦНА ВЕЧЕРВА ИЛИ УТРЕ САБАЈЛЕ
Екипи на јавното претпријатие „Водовод и канализација“ сè уште работат на поправка на дефектот на водоводна цевка во центарот на Скопје, поради што третина од главниот град денеска е без вода. Оптимистички, хаваријата би се поправила дури во подоцнежните часови вечерва, а, најпесимистички, утре изутрина, велат од претпријатието.
Хаваријата настанала при планирал зафат
Од претпријатие велат дека санирање на помал дефект веќе бил предвиден за денеска, но неочекувано им се случила хаварија.
Третина од градот Скопје во моментов е без водоснабдување или со намален доток на вода.Според „Водовод и канализација“, дефектот ги засегна жителите на Центар, Аеродром, Кисела Вода, Лисиче, Ново Лисиче, Припор, Сопиште, Ракотинци, Добри Дол, Драчево, Пинтија, Моране и Студеничани.