fbpx

Објектив

Погледни подобро

ЦЕЛОСНА ЗАБРАНА ЗА ДВИЖЕЊЕ ВО ВЕЛС – ДВЕ НЕДЕЛИ ЦЕЛОСНО ЗАТВАРАЊЕ

Денес премиерот Марк Дрејкфорд објави дека во Велс ќе стапи на сила целосна забрана за движење од 23 октомври до 9 ноември, со исклучок само на вработените во службите за итни случаи, а ќе бидат забранети и домашни посети.

„Комплетното двонеделно затворање е најдобрата шанса да се воспостави контрола врз вирусот и со тоа да се избегне многу долг карантин, што би ни нанело неспоредливо поголема штета“, рече Дрејкфорд.

Тој посочи дека сега е време граѓаните да покажат единство. Одлуката на владата на Велс изврши нов притисок врз британскиот премиер Борис Џонсон, кој одби да го прифати советот на здравствени работници да размисли за привремено затворање на земјата, бидејќи секое одложување ќе доведе до „опасно ширење на епидемијата со катастрофални последици“.

Во неделата во Велс беа регистрирани 950 нови случаи на Ковид-19.

error

Ви се допадна објавата? Споделете на: