Ејуп Рустеми од Македонска пошта станува директор на Државни патишта
Досегашниот директор на Македонска пошта ќе биде новиот директор на Јавното претпријатие за државни патишта, одговори денеска на новинарско прашање премиерот Зоран Заев.
Заев изјави дека на денешната седница на Владата би требало да се назначат директори и на други претпријатија или институции.
На директорското место на Македонска пошта треба да застане кадар од СДСМ. Власта веќе најави дека за оваа институција се размислува да премине во јавно-приватно партнертво.
Извор:Мкд.мк