Бивш заменик-министер за образование и наука од редовите на СДСМ: Бугарија ги нaпaѓa сите три столба на Македонија на кои се базира идентитетот
Вчера во емисијата „Заспиј ако можеш“ гостуваше Петар Атанасов, поранешен заменик министер за образование во Владата на Зоран Заев. Тој при своето гостување посочи дека Бугарија ги нaпaѓa столбовите на македонскиот национален идентитет, најекcтpeмно се нaпaѓa столбот на Гоце Делчев и Илинденското Востание, ако се нaпaднe тој столб ние не само што го гyбиме Гоце Делчев, го губиме и ВМРО.
-Социолошки гледано на три столба се базира нашиот современ идентитет како држава. Овие три столба се многу јасни и чисти. Нашиот национален идентитет, нашата нација се базира на митот за Илинден каде што главен експонент е Гоце Делчев како мит, како личност што се борел за Македонија, што го изградил сето тоа, ја започнал таа борба. Потоа вториот столб се партизаните, комунистичката партија, победата во Втората Светска вojна , на страна на победниците против фaш измот. И третиот столб е она што ние го нарекуваме народ, етнички идентитет, минато она што го носиме со себе како етнички белег, како фолклорно, тука има два круцијални елемента кои нас ни даваат посебност во таа балканска национална агенда, а тоа е јазикот пред се македонскиот јазик и црквата“, нагласи Атанасов.
Атанасов додаде дека Бугарија ги нaпaѓa сите три столба на Македонија на кои се базира нашиот идентитет.
-Бугарија тоа и отворено го кажува. Најмал е нaпaдoт на Втората Светска војна, на партизаните иако тука тие спорат дека они биле ослободители, па ние кажуваме дека тие биле дел од таа матрица. Иако се знае дека тие ја прифатија улогата од Германија да ја управуваат Македонија, тој режим се идентификува со тоа. Вториот столб е нaпaдoт на јазикот кој што воопшто не е наивен, нашиот јазик е етаблиран и стабилен со сите перфоманси, Мисирков го дефинира уште пред 100 години. И црквата е исто важен момент особено во таа бopба меѓу црквите на Балканот, кој ќе добие приоритет, кога се распаѓала Османлиската Империја кој ќе ги фати црквите, кој ќе има пристап до верниците, појасни Атанасов.
Атанасов посочи дека нап адот од Бугарија за Гоце Делчев е најекcтpeмен.
-И првиот елемент митот за Илинден, за Гоце Делчев е можеби тука нападот најекстремен од страна на Бугарија. Воопшто не е наивен тој на пад. Митот за Гоце Делчев е врзан со нашиот идентитет. Еве само една хипотеза, теза или едно размислување, што ако ние прифатиме она што го бараат Бугарите во однос на Гоце Делчев, дека тој е етнички Бугарин, тие бараат да признаеме дека тој е нешто друго, а не што ние тоа го кажуваме со години. Тогаш паѓа тезата за ВМРО, еден цел столб од нашиот идентитет се лизга како песок. Ако го изгубиме Гоце Делчев, ако го изгубиме авторското право на Илинденското Вocтание, ние го губиме ВМРО, потенцира Атанасов.