fbpx

Објектив

Погледни подобро

Постои можност наставниците да работат од дома, школите целосно затворени?

Околу барањата за одржување настава со физичко присуство, министерката порача дека мора да се следат препораките на Комисијата за заразни болести, а со бојкот на настава, вели, губат учениците.


Министерката за образование и наука, Мила Царовска при денешната посета на ОУ „Љупчо Сантов“ во Кочани рече дека се разгледува можноста настанициите да предаваат и онлајн од дома.

– Со цел рационализација на средствата, разговараме со градоначалниците, да не се расфрламе со пари за загревање на цела училница за еден наставник и тие пари да може да се искористат во набавка на ИТ-уреди – изјави министерката.

Околу барањата за одржување настава со физичко присуство, министерката порача дека мора да се следат препораките на Комисијата за заразни болести, а со бојкот на настава, вели, губат учениците.

– Бојкотот на наставата е само неконструктивен начин на изразување незадоволство од пандемијата. Тоа не е нешто што одлучуваме дали го сакаме или не го сакаме. Тоа е нешто со што мора да живееме, а со бојкотирање на наставата губат учениците. Наша обврска е да го штитиме здравјето на граѓаните, поради тоа што младите може да пренесат ковид-19. Ако така одлучила Комисијата за заразни болести, јас ги повикувам учениците и наставниците да се приклучат кон овој начин на настава – вели Царовска.

Министерката изјави дека оваа година не може да се организраат училишни екскурзии.

– Испратени се упатства од Бирото за развој на образование. Може до пет километри да имаат прошетка, движење учениците заедно со наставниците за да може да имаме социјализација. Но, од друга страна она што се случувало минатата година, зошто агенциите не ги вратиле парите сметам дека има уредби. Министерството за економија имаше препораки да се дадат ваучери коишто ќе може да се користат во наредниот период и тоа сигурно се случило – рече Царовска, одговарајќи на новинарско прашање во општина Кочани.

Министерката Царовска ги повика директорите на училиштата кои се одговорни за организација на екскурзиите, да ги викнат родителите и да најдат заеднички јазик на кој начин тие пари коишто биле од минатата година ќе им се вратат. Но, оваа година, како што потенцира, екскурзии не се дозволени.

error

Ви се допадна објавата? Споделете на:


Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/grommk/public_html/objektiv.com.mk/wp-includes/functions.php on line 5279

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/grommk/public_html/objektiv.com.mk/wp-content/plugins/really-simple-ssl/class-mixed-content-fixer.php on line 107