fbpx

Објектив

Погледни подобро

Црна среда и рекорден број зapaзени во Македонија: Дневен Ковид-19 биланс, 641 новозapaзени

Министерот за здравство Венко Филипче објави дека во последните 24 часа се направени 2688 тестирања, а дека вкупно се регистрирани нови 641 позитивни случаи на коронавирус.

Во последните 24 часа починати се 12 лица.

Само на територија на Скопје се регистрирани нови 325 случаи.

Во моментот има само уште 50 слободни кревети во модуларната монтажна болница. Во Инфективната клиника како и болницата 8 Септември нема слободни места.

Слободни места нема ни во Куманово и Струмица, а скоро сто отсто се пополнети и другите капацитети во државата.

Вчера беа направени 2688 теста а процентот на позитивни во однос на тестирани изнесува големи 24 отсто.

Во Скопје е веќе алармантна ситуацијата.
Во Скопје во изминатите 24 часа се регистрирани рекордни 325 новозаразени со коронавирусот.

Вкупниот број на активни случаи во Скопје изнесува 2983.
Во Аеродром има најмногу активни случаи, во моментов и тој број изнесува 592 луѓе, во Карпош со 479 и Центар со 476 заразени.

За жал Македонија полека се движи кон некое Бергамо сценарио!?

error

Ви се допадна објавата? Споделете на: