fbpx

Објектив

Погледни подобро

ЗАЕВ ОБЈАВИ ДЕКА ГИ ДОБИЛ РЕЗУЛТАТИТЕ ОД ТЕСТОТ ЗА КОВИД 19

Премиерот Зоран Заев попладнево на својот фејсбук профил објави дека го добил резултатот од тестот за Ковид-19 и дека е негативен.

„Денеска го добив резултатот од тестот за ковид -19 и тој е негативен.

Многу е важно сите до еден да го чуваме сопственото здравје и здравјето на сите други околу нас. Со целосно почитување на мерките и препораките секој од нас може да даде придонес за јавното здравје.

Да носиме заштитни маски, да држиме физичка дистанца, да ги избегнуваме големите групни настани и на тој начин заеднички ќе ја добиеме битката со ковид-19“, напиша тој.

По позитивниот тест на коронавирус на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, кој присуствуваше на конгресот на СДСМ во неделата, премиерот и претседателот на СДСМ Зоран Заев за ТВ21 изјави дека иако немал директни контакти со Спасовски надвор од протоколите, сепак ќе направи тест за Ковид-19.

error

Ви се допадна објавата? Споделете на: