fbpx

Објектив

Погледни подобро

НАЈПРОФИТАБИЛЕН БИЗНИС ВО СВЕТОТ: ОБЈАВЕН Е ПРОФИТОТ НА ТРИ КОМПАНИИ ОД ТЕСТОВИТЕ ЗА КОВИД19

Се поголемо значење во “научната трка“ за борба против ковид-19 добиваат вакцините и тестовите. Но, компаниите, исто така, работеа со полна пареа како да заработат огромни пари но и да ги задоволат огромните побарувања за трстови за тестирање.

Тие инвестиции почнуваат да се исплаќаат. „Абот лабораторис Инц” и “ТермоФишер Сајентифик Инц” се двата главни играчи во производството на тестови за коронавирус. Тие, пред неколку дена, ги објавија резултатите од своето работење од третиот квартал. Нивните објавени резултати ги надминаа сите очекувања и проценките на берзанските експерти на Вол Стрит, и тоа најмногу благодарение на тестовите за тестирање на ковид-19.

Исто така, аналитичарите го следеа работењето на Рош Холдинг АГ, уште еден од лидерите во тестирањето за ковид-19. И заработката на Рош Холдинг АГ минатата недела покажа огромни приходи. Сите три компании забележаа импресивен раст со забрзување на производството на нови уреди и производството на нови видови тестови.

„Абот лабораторис АД“. имаше 881 милиони долари приход од тестовите за корона, и тие учествуваа со 10 проценти во вкупната продажба на компанијата во третиот квартал. „ТермоФишер Сајентифик Инг” заработи дури 2 милијарди долари, во споредба со 1,3 милијарди долари во вториот квартал на 2020 година.

Компанијата која се бави со молекуларна дијагностика, “Рош Холдинг АГ”, повеќе од двојно ги зголеми своите приходи во третиот квартал, во споредба со истиот период во 2019 година. “Во “Абот Лабораторис Инц” веруват дека ќе постигнат уште подобар резултат во четвртиот квартал, кој се движи од 1,3 до 1,4 милијарди долари.

Исто така, сите компании очекуваат дека побарувачката за тестови ќе остане голема и во 2021 година.

error

Ви се допадна објавата? Споделете на: