СОБРАНИЕТО ОДЛУЧИ: MAСКА Е ЗАДОЛЖИТЕЛНА НА ОТВОРЕНО
Собранието на Република Македонија денеска ги усвои измените во Законот за заштита од заразни болести, откако не можеше да се создаде мнозинство, поради болните пратеници.
Измените се задолжително носење на заштитни маски на отворено и контрола на домовите.
Оваа мерка, како што објави ТВ 21, стапува на сила по објавување во Службен весник, но веројатно претходно Владата треба да објасни како истата ќе се применува во домовите.
Ваквата мерка е предложена од Комисијата за заразни болести уште пред еден месец по зголемувањето на новозаболените лица.