fbpx

Објектив

Погледни подобро

КОРОНА – КРИЗАТА И ДОГОДИНА ЌЕ ЈА ЗГОЛЕМУВА ЗАДОЛЖЕНОСТА, МАКЕДОНИЈА СО НОВИ КРЕДИТИ?

 Државата мора да скрати на „луксуз“, но другите пари ќе се обезбедуваат од кредити, а со тоа стабилизација на јавниот долг нема да има ни догодина.

Задолжувањето на државата за справување со последиците од корона-кризата ќе продолжи и наредната година, а властите очекуваат стабилизирање на јавниот долг на среден рок. Министерот за финансии Фатмир Бесими рече дека по падот на економијата годинава, кој владата предвидува да биде 4,4 проценти, за догодина се очекува раст од 4 отсто.

„Не може да очекуваме дека наредната година ќе дојдеме со предлог за дефицит на буџетот помал од 3 отсто. Мислам дека тоа е нереално да се каже, може повторно да биде над 3 отсто и тоа ќе се случува во целиот свет. Дел од тоа ќе се финансира со задолжување и на домашниот и на странскиот пазар, зависно од тоа каде ќе имаме поповолни услови во однос на каматите што треба да се сервисираат“, рече Бесими во гостување на ТВ 24.

Колкаво е задолжувањето?

Владата годинава веќе се задолжи за над 1 милијарда евра за справување со економските последици од пандемијата на коронавирус. Најголем дел од новите долгови се наменети за финансиската помош за стопанството и зачувување на работните места во погодените сектори. Буџетската дупка за годинава е предвидено да биде 920 милиони евра, односно 8,4 отсто од БДП. Јавниот долг на крајот на јуни годинава надмина 6,5 милијарди евра, односно 60 отсто од БДП.

И покрај падот на буџетските приходи, со ребалансот за годинава владата не се откажа од голем дел од расходите. Кратење имаше кај капиталните инвестиции и во ставката стоки и услуги.

Експертите со кои разговаравме велат дека во буџетот може да се скратат непродуктивните трошоци, но кратењето на парите за плати или за социјални трансфери ќе предизвика поголема штета.

error

Ви се допадна објавата? Споделете на: