fbpx

Објектив

Погледни подобро

МАКЕДОНИЈА ПРВА ВО СВЕТОТ ПО СМРТНОСТ И ЗАБОЛЕНИ ОД COVID19

Македонија котира многу високо во два клучни параметри: стапка на заразени на 100.000 жители, и стапка на смртност на 100.000 жители според статистиката на Европскиот центар за превенција и контрола.

Есенскиот бран во Македонија ги наполни болниците, а власта се уште смирува дека се оди како што треба. Европските земји и земјите во регионот додека носат поригорозни мерки за заштита на граѓаните од вирусот, власта ги обвинува граѓаните за големата бројка на заразени од корона. Ваквиот несоодветен пристап на власта и мерките кои не раѓаат очекуван плод ја рангираа државата меѓу првите во светот по новозаболени и починати.

Според статистиката на Европскиот центар за превенција и контрола од почетокот на месецов, заклучно со 26-ти октомври, во земјата биле регистрирани 9.168 новозаразени од ковид-19 и 182 смртни случаи. Во просек тоа значи нешто над 441 новозаразени на 100.000 жители и 8,76 починати на 100.000 жители, покажува статистиката на ЕЦДЦ. За споредба, ЕУ и Германија ги земаат стапките од 30, односно 50 новозаразени на 100.000 жители како критични.

Последните седум дена од октомври, заклучно со 26.10, само го засилија ваквиот тренд. Па така, од 19 до 26 октомври во земјата починале 85 заболени од КОВИД-19, а вкупно биле регистрирани 3.326 новозаразени. Стапката на смртност на 100.000 жители е нешто над 4, што ја става земјата на петто место во светски рамки во тие седум денови.

Она што загрижува во земјава е високиот процент на смртност. Алармантно е како на околу 500 нови случаи на КОВИД-19 има 22 починати во еден ден, а во Србија, на пример, на околу 700 позитивни случаи има тројца починати. Тоа покажува дека нешто не е во ред со системот. Дека во изминатиот период, наместо да се води политика во однос на епидемијата, требаше да се подготвуваат капацитетите на здравствениот систем за есенскиот бран, изјави за „360 степени“ Арбен Зибери, поранешен директор на Центарот за јавно здравје во Скопје и актуелен пратеник на ДУИ.

 

error

Ви се допадна објавата? Споделете на: