Поранешниот шеф на кабинет на Мијалков ocyден на 6 години затвop
Тони Јакимовски, поранешниот шеф на кабинетот на поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, денеска во Основниот кривичен суд е неправосилно осуден на 6 години затвор во предметот „Специјална каса“, соопшти судот.
Неговиот колега од УБК Стево Маџовски доби казна затвор од 4 години, а третообвинетата Кристина Јосифовска доби ослободителна пресуда.
Според пресудата, тие подигале парични средства за за посебни намени за УБК, но евиденцијата за потрошените пари е уништена со документацијата за исплати.