fbpx

Објектив

Погледни подобро

ВЛАДАТА ОДЛУЧИ: УНИВЕРЗАЛНА САЛА НЕМА ДА СЕ РУШИ – ЌЕ БИДЕ ОБНОВЕНА СО 2 МИЛИОНИ ЕВРА

Одговарајќи на советничко прашање, денеска градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов рече дека постојниот објект ќе се реконструира, во сегашниот облик и големина, а средствата треба да се добијат од претстојниот ребаланс на Буџетот на РСМ коj очекува да биде изгласан деновиве.

– Имајќи предвид дека стручната фела се изјасни дека на локацијата на Универзалната сала не е возможно да се изгради објект со поголеми димензии, мојата желба беше да се реконструира Универзалната сала во постојаниот габарит, а да изградиме нова концертна сала на друга локација. Во првиот дел успеавме и сакам да се заблагодарам за разбирањето на Претседателот на Владата и на Министерството за култура, каде се издвојуваат средства со ребалансот на Буџетот во износ од 2 милиона евра, каде по носењето на ребалансот овие средства ќе бидат префрлени на посебна наменска сметка на Град Скопје. Во меѓувреме, ние вршиме проценки и пресметки за веднаш штом ќе ги добиеме средствата да може да ги започнеме постапките за јавни набавки и што е можно побргу да започне реконструкцијата на Универзалната сала. Јас се надевам дека сите постапки ќе се одвиваат брзо за на почетокот на следната концерта сезона, по 6 години, Универзалната сала повторно да биде отворена – рече Шилегов.

Претходно Шилегов најавуваше дека ќе ја сруши Универзална сала, а на нејзино место ќе изгради парк, по што доби остри реакции како од јавноста така и голем број уметници.

error

Ви се допадна објавата? Споделете на:


Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/grommk/public_html/objektiv.com.mk/wp-includes/functions.php on line 5279

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/grommk/public_html/objektiv.com.mk/wp-content/plugins/really-simple-ssl/class-mixed-content-fixer.php on line 107