fbpx

Објектив

Погледни подобро

ПЕТ РАБОТИ КОИ ЖЕНА НЕ СМЕЕ ДА ГИ ПРАВИ ЗА МАЖ ШТО ГО САКА

Без оглед колку го сакате мажот со кој сте, некои работи се едноставно неприфатливи. Според психолозите и љубовните експерти, паметната жена никогаш нема да ги направи овие 5 работи за својот партнер:

1. Да му помагате финансики

Секоја жена што финансирала маж горко подоцна открива дека горко зажалила за тоа. Поддржете го кога е тешко, но никогаш не прифаќајте да бидете некој што ќе го издржува, кога е сосема способен да најде работа.

2. Да му купувате скапи подароци

Никогаш не му покажувај на мажот љубов со купување на скапи подароци. Не обидувајте се да го импресионирате трошејќи огромна сума пари на него, особено не на почетокот. Ова ќе ја одведе вашата врска во погрешна насока. Парите никогаш не треба да бидат мерило за љубовта.

3. Да го менувате вашиот изглед само затоа што тој така сака

На дамите им е речиси сосема природно да го менуваат својот изглед во согласност со она што го сака нивниот партнер. Се подразбира, нема ништо лошо во тоа да потрошите малку повеќе време за средување на косата или лицето пред средбата.

Тоа е можност да ја потенцирате вашата природна убавина и да ја зголемите вашата самодоверба. Сепак, треба да бидете исто толку сигурни кога ќе се појавите пред него во обична маица и фармерки, како и кога ќе се појавите во фустанот што му се допаѓа. Бидете свои.

Никогаш не менувајте го својот изглед само за доброто на мажот, дури и ако го сакате најмногу на светот. Ако ве притиска да се облекувате како што тој сака, да ја носите фризурата што тој ја сака или на кој било начин што го менува вашето тело, тогаш тој не е вреден за вашето време.

4. Да се откажете од вашите соништа

Само затоа што сте во врска, не значи дека треба да се откажете од вашите соништа само затоа што соништата на вашиот партнер не се совпаѓаат со вашите. Напротив! Вистинскиот маж ќе ве поддржи во сите ваши намери, планови и цели.

5. Да измислувате изговори за него

Кога ќе направи грешка, понекогаш сигурно има добар изговор, но не е ваша задача да го оправдате. На тој начин, се залажувате себеси и, во суштина, го поддржувате неговото несоодветно однесување во некои ситуации. Кога е потребно, слободно бидете директни и отворени дека не го одобрувате неговото однесување.

error

Ви се допадна објавата? Споделете на:


Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/grommk/public_html/objektiv.com.mk/wp-includes/functions.php on line 5279

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/grommk/public_html/objektiv.com.mk/wp-content/plugins/really-simple-ssl/class-mixed-content-fixer.php on line 107