СЛИКА НА ПИКАСО ВРЕДНА 28 МИЛИОНИ ДОЛАРИ Е ПРОНАЈДЕНА ПО 21 ГОДИНА
Сликата на Пикасо „Buste de Femme“ на која пред 21 години и се губи секаква трага е пронајдена од страна на данскиот детектив за уметнини Артур Бренд.
Сликата на Пикасо од 1938 исчезнала од заклучената кабина на луксузната јахта на саудиски милијардер во март 1999 година.
Станува збор за портрет на француската фотографка и сликарка Дора Маар, која била во романтична врска со Пикасо. Бренд дознал дека украдениот Пикасо циркулирал во Холандија и им соопштил на своите контакти дека е заинтересиран за неа.
Неколку дена подоцна, му беше дадена можност да се увери дека станува збор за оригинално дело, бидејќи мистериозен бизнисмен му ја испратил сликата на домашниот праг.
“Со текот на годините, ‘Buste de Femme’ има сменето сопственик најмалку десет пати. Честопати како залог, се појавувала кај дилерите на дрога, а потоа по четири години кај дилерите на оружје”, открива Бренд.
Сепак, полицијата нема да го гони бизнисменот кој ја испратил сликата на овој „Индијана Џонс од светот на уметноста“. Бренд признал дека го закачил Пикасо на ѕидот од својот стан една ноќ и така спиел во најскапиот стан во Амстердам. Сликата била проценета на 28 милиони долари и била предадена на осигурителната компанија.