fbpx

Објектив

Погледни подобро

60 АДМИНИСТРАТИВЦИ ЌЕ ПИШУВААТ РЕШЕНИЈА ЗА ИЗОЛАЦИЈА

Шеесетина административци ќе  им помагаат на вработените во Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) во изготвувањето и издавањето на решенијата за изолација.

Од Инспекторатот велат дека поради големиот број нови случаи на ковид-19, инспекторите од пишување решенија не можеле да ги извршуваат тековните  работни обврски на институцијата и инспекциските надзори, па затоа побарале помош од Владата.

„Динамиката на издавање на решенијата за позитивни лица е 24 часа од моментот на нивното објавување во списокот на позитивни кои се доставува до ДСЗИ од страна на Институтот за јавно здравје. Решенијата за контакти по се издаваат по добивање на епидемиолошки анкети од регионалните центри за јавно здравје. За да се издадат овие решенија, од кои зависи понатаму целиот систем на контрола на нивното лекување и движење, ангажирани се сите инспектори со кои располагаме. Но, поради зголемениот број на новозаразени секој ден, се обративме  до Владата да ни обезбеди  помош од човечки ресурси- административни работници кои би ги изготвувале и испраќале решенија. Обезбедување на административни службеници е веќе во тек и ќе се овозможи непречено извршување на тековните работни обврски кои се во надлежност на Инспекторатот“, вели директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат Ирина Сотирова-Бухова.

Последниот месец откако бројот на новозаболени се зголеми, пациенти кои се позитивни на ковид-19 се жалат дека им доцнат решенија за изолација. Лица кои биле во контакт со позитивен и се посочени како контакт и треба да бидат во изолација воопшто не добиваат решение и не можат да го регулираат отсуството од работа.

error

Ви се допадна објавата? Споделете на:


Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/grommk/public_html/objektiv.com.mk/wp-includes/functions.php on line 5279

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/grommk/public_html/objektiv.com.mk/wp-content/plugins/really-simple-ssl/class-mixed-content-fixer.php on line 107