БРИТАНСКИОТ ПРЕМИЕР ВОВЕДУВА „ЛОКДАУН“ ВО ТРАЕЊЕ ОД ЕДЕН МЕСЕЦ
Британскиот премиер Борис Џонсон би можел да воведе „локдаун“, односно затворање на угостителските објекти, а во рок од еден месец, односно цел ноември, пренесува „Скај Њуз“. Сепак, не е прецизирано дали затворањето ќе биде низ цела Британија, или ќе се однесува само на Англија.
Би биле затворени пабовите, рестораните и кафулињата до 2. декември. Училиштата, факултетите и градинките би останале отворени, со строго почитување на мерките.
Овие мерки веќе ги воведоа Франција и Германија, а ги најави и австрискиот канцелар, како и некои други земји како Белгија.
Денеска Британија има 21.915 нови случаи на Ковид-19, и 326 нови смртни случаи.