И ИГОР ЏАМБАЗОВ СЕ ИСТЕТОВИРА – ЕВЕ ШТО НАПИША
Идејата на Тамара да го истеовира стихот од химната кој не го испеа на 4 јули во Американската амбасада на некои им се допадна на некои не. Како и да е, неколку дена македонскиот етер зборува за Тамара, за „Гоце Делчев, Даме Груев, Питу Гули, Сандански“.
Во интервју за Бекстејџ, кога Тамара го најави новиот цртеж на своето тело рече дека тетоважите се траги од моменти кои одбележале некое време, а пехот со химната е сигурно нешто што оставило голем белег во нејзиниот живот. Таа изјави дека ја боли тоа што луѓето не ѝ верувале дека грешката била ненамерна, а се надева дека тоа еден ден ќе избледи и ќе престанат да ја мразат, бидејќи таа е свесна дека има доволно добро направено за својата земја.
Сепак, кругот мора да се затвори, а за последната точка во бесконечниот муабет за Тамара и химната ја впишува Игор Џамбазов, голем пријател на Тамара и уште поголем шегаџија.
„Секој со своите гревови“, напиша Игор и ја покажа својата тетоважа.