БУГАРСКАТА МИНИСТЕРКА: “ЌЕ СТАВИМЕ ВЕТО, ЗАГРИЖЕНИ СМЕ ПОРАДИ ТВРДЕЊАТА ЗА МАКЕДОНСКО МАЛЦИНСТВО ВО БУГАРИЈА”
Во интервју за агенцијата „Ројтерс“, бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева се закани дека Бугарија ќе стави вето за почеток на пристапните преговори меѓу ЕУ и Македонија, ако Македонците не признаат дека нивните идентитет и јазик имаат бугарски корени.
„Загрижени сме поради непрестаните тврдења за македонско малцинство во Бугарија. Признавањето на бугарските корени ќе стави крај на тоа“, кажа Захариева во интервјуто.
„Ние сме подготвени да ја потврдиме реалноста, но тие треба да ја признаат историската вистина“, вели бугарската министерка.