fbpx

Објектив

Погледни подобро

Шон Конери добил шанса да игра за Манчестер јунајтед за 25 фунти неделно!

Шон Конери, легендарниот шкотски актер кој почина во саботата, ќе биде запаметен најмногу по неговата улога на Џејмс Бонд, но постои момент во неговиот живот, кој можел да го промени текот на неговата кариера. Малку недостигало да заврши на терените ширум Европа, наместо во Холивуд.

Конери играл за Бонириг Роуз, кој е аматерски клуб, па го импресионирал Сер Мет Базби, кој му понудил договор од 25 фунти неделно за да заигра за Манчестер јунајтед.

„Избрав да бидам актер и тоа на крајот се покажа како најинтелигентен потег кој сум го направил во животот“, кажа Конери.

 

error

Ви се допадна објавата? Споделете на: