fbpx

Објектив

Погледни подобро

ШТИПСКАТА БОЛНИЦА НЕ МОЖЕ ДА КУПУВА КИСЛОРОД И ЛЕКОВИ ЗА БОЛНИТЕ ОД КОВИД-19

Директорот на Клиничката болница во Штип – Ален Георгиев вели дека во услови на предвремени избори за градоначалник на Штип од една страна притискаат законите и Антикорупциската комисија, а од друга ширењето на пандемијата со ковид-19 која не трпи одлагања на неопходниот медицински материјал.

Тој објаснува дека во последните недели се зголемила потребата за медицински кислород поради големиот број пациенти хоспитализирани со ковид-19, а со тоа и на боците за кислородна поддршка.

Според Георгиев, Клиничката болница редовно ги објавува тендерите за јавни набавки, а во услови кога постојат одредени ограничувања, кога има локални избори на удар се огласите за нови вработувања, но пред сè набавките на лекови и сиот неопходен медицински материјал. Затоа барале начини преку Бирото за јавни набавки да ги обезбедат по кој било законски основ само да не трпат пациентите.

„Повеќе набавки ни се проблем, но во овој период најмногу медицинскиот кислород. Затоа ги интензивираме постапките за набавка на боци за кислородна поддршка, медицински помагала и разни заштитни средства. Антикорупциска комисија како регуларни ги признава само набавките со годишните програми кои не се косат со Изборниот законик и Законот за јавни набавки, но на почетокот на годината кога се донесуваа годишните планови кој можел да предвиде дека ќе се случи и пандемија и предвремени избори за градоначалник.“ вели Георгиев и додава:

„Затоа редовно распишуваме тендери и на кој било начин бараме од државните институции да ги обезбедиме потребните лекови и помагала. Веќе заврши тендерска постапка во вредност од 5 милиони денари како би се задоволиле потребите до крајот на годината, а во тек е изработка на план за јавни набавки за наредната година кој може да претрпи измени со оглед на сеопштата состојба“.

error

Ви се допадна објавата? Споделете на: