fbpx

Објектив

Погледни подобро

АЛАРМАНТНО: Историски најголем јавен долг, предвидуваа дека годината ќе ја завршиме со долг од 60.5%, а долгот во септември изнесува 60.7%

Предвидувањата на министерот за финансии Фатмир Бесими дека годинава ќе ја завршиме со јавен долг не поголем од 60,5 проценти од БДП паднаа во вода. Јавниот долг заклучно со септември се искачи на историски 60,7 проценти од БДП – или земјава должи 6 милијарди  571 милион евра. За само шест месеци од пандемијата, или од март до септември јавниот долг на земјава пораснал за над 1 милијарда евра или за 9,3 проценти. А само од јули до септември, кога земјава беше во избори и формирање на нова влада, за нови 44,5 милиони евра. Нови задолжувања се предвидени и со вториот ребаланс на буџетот за годинава  за кој уште расправаат пратениците. Откако се проби границата од 60 проценти, сега никој не прогнозира со колкав јавен долг земјава ќе ја заврши годината.

Токму забрзаното задолжување  беше меѓу главните забелешки и денеска на четвртиот ден на расправата за ребалансот. За опозицијата четвртиот пакет мерки нема да ги даде посакуваните ефектите, а за да се покрие буџетскиот дефицит најголем во последните 25 години, ќе мора нови задолжувања.

„ЗАГРИЖЕНОСТА Е ДЕКА МОЖЕМЕ ДА ЈА ДОЧЕКАМЕ НОВАТА 2021 ГОДИНА СО ЗАДОЛЖУВАЊЕ ПОГОЛЕМО ОД 60 ПРОЦЕНТИ ОД БДП, БЕЗ РАЗЛИКА ДАЛИ ТОА ЌЕ БИДЕ 63 ИЛИ 64 ПРОЦЕНТИ ЈАВНИОТ ДОЛГ, НО ОЧИГЛЕДНО Е ДЕКА ВЛАДАТА И СТОПАНСТВОТО НЕМААТ РЕСУРСИ ОВОЈ ПРЕДВИДЕН БУЏЕТСКИ ДЕФИЦИТ ОД 8,4 ПРОЦЕНТИ ДА ГО ПОКРИЈАТ ОД СОПСТВЕНИ ИЗВОРИ, БИДЕЈЌИ СТОПАНСТВОТО Е ПРЕД КОЛАБРИРАЊЕ, А ЗА ЖАЛ ВЛАДАТА НЕ ПРАВИ НАПОРИ ЗА ДА ГИ ЗГОЛЕМИ КАПИТАЛНИТЕ ИНВЕСТИЦИИ“- РЕЧЕ МИЛОШОСКИ.

Владејачкото мнозинство смета дека ребалансот е неопходeн за да им се помогне на најпогодените од кризата. Ја повика опозицијата на конструктивност.

„ДА НЕ ЗАБОРАВИМЕ ДЕКА ВО НАЈГОЛЕМ ДЕЛ ОД ЗЕМЈИТЕ ВО СВЕТОТ ПОЛАРИЗАЦИЈАТА МЕЃУ ПОЛИТИЧКИТЕ ОПОНЕНТИ СПЛАСНУВА ИЛИ СВЕСНО СЕ ИНХИБИРА КОГА ЗЕМЈАТА СЕ СООЧУВА СО НЕКОЈА СЕРИОЗНА ЗАКАНА. ЗНАЧИ НЕ Е ВРЕМЕ ЗА ЕВТИНИ ПОЛИТИЧКИ ПОЕНИ, ТУКУ ЗА СОРАБОТКА, НЕ Е ВРАМЕ ЗА ЦИНИЗАМ И ДЕСТРУКТИВНОСТ, ТУКУ НАПРОТИВ ВРЕМЕ Е ЗАПОДДРШКА НА ЧЕТВРТИОТ СЕТ ЕКОНОМСКИ МЕРКИ“.- ВЕЛИ ТАСЕВСКА.

Ребалансот најверојатно утре треба да биде изгласан од пратениците, со што  ќе може да се имплементира и четвртиот пакет анктикризни мерки. Бизнисот ги чека парите за исплата на октомвриската плата, а  предвидени се и платежни картички од по 6.000 денари за ранливите категории на граѓани. Највисокиот буџет до сега тежи 4,1 милијарда евра,а предвиден е   буџетски дефицит од 8,5 проценти од БДП или 920 милиони евра кои ќе се бараат  со нови задолжувања.

error

Ви се допадна објавата? Споделете на:


Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/grommk/public_html/objektiv.com.mk/wp-includes/functions.php on line 5279

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/grommk/public_html/objektiv.com.mk/wp-content/plugins/really-simple-ssl/class-mixed-content-fixer.php on line 107