ДВАЈЦА ГО ПРЕСРЕТНАЛЕ ПО ШТО ПОЧНАЛЕ СО ПУКАЊЕ КОН НЕГОВОТО ВОЗИЛО
Во полициската станица во Крушево било пријавено дека имало пукање во селото Сажево.
На 01.11.2020 во 19.38 часот во Полициската станица Крушево, А.М.(30) од с.Зајас пријавил дека, додека управувал патничко возило „фолкваген туарег“, со кичевски регистарски ознаки, во с.Сажево бил пресретнат од А.Ј и С.Ј. од истото село, кои со оружје пукале во неговото возило – информираат од МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.