fbpx

Објектив

Погледни подобро

Комисијата за Зapaзни Бoлecти со предлог: Угостителските објекти да работат до 21 часот

Од Министерството за здравство потврдуваат дека Комисијата за заразни болести ќе ѝ предложи на Владата работното време на угостителските објекти да се ограничи до 21 часот, јави МИА.

„Комисијата за заразни болести и Министерството за здравство ќе предложат нова мерка до Владата на Република Северна Македонија, угостителските објекти да работат во 21 часот. Оваа предлог мерка ќе биде разгледана на владина седница за нејзино усвојување со цел спречување од понатамошно ширење на ковид-19“, се вели во дописот од Министерството за здравство до МИА.

Досега, работното време на угостителските објекти со владините мерки беше ограничено до 23 часот.

error

Ви се допадна објавата? Споделете на: