fbpx

Објектив

Погледни подобро

НАЈГОЛЕМ ДОЛЖНИК ВО СТЕЧАЈОТ НА ЕУРОСТАНДАРД БАНКА Е ГРУПАЦИЈА ОД ПОВРЗАНИ ФИРМИ ОД СТРУМИЦА

Од извештајот за стечајот на банката подготвен од стечајниот управник, први на листата на должници во стечајната маса е групација од поврзани фирми од Струмица. Во своето портфолио на поврзани друштва оваа групација има 9 фирми од кои банката има сомнителни и спорни побарувања, кредити кои воопшто не се исплаќани повеќе минати години. Оваа групација должи фантастични 8 милиони и 250 илјади евра на банката во кредити кои се ултра ризични и во најголем дел ненаплатливи. Ова е само водечкиот пример, а вакви групации од поврзани фирми има повеќе. Организиран криминал од невидени размери, велат од групацијата на oштетени штедачи од банката.

Оштетените физички и правни лица депоненти на Еуростандард Банка се во потрага по вистината и правдата. Кој се стои позади овие фирми и во кои се џебови завршиле нашите пари од депозитите? Сопственикот и поранешен претседател на Надзорниот одбор на сега веќе затворената банка, Трифун Костовски, освен што ја призна личната вина и одговорност за сторениот криминал во банката, јавно изјави и дека нашите пари се делени за цели на владеачката политичка партија. Доколку е ова вистина, кој се учествувал во масовниот грабеж и во чии џебови завршиле нашите лични пари преку криминалните шеми што се плетеле во банката со години?

Во сред пандемија ја затворија Еуростандард Банка, ни го украдоа нашиот личен капитал, имот, сегашност и иднина и не ставија во очај. Замислете, речиси 60 милиони евра проневерени и украдени пари од нас депонентите во банката. Ниту на Народна Банка ниту на власта не им е воопшто грижа што ни се наруши здравјето, што изгубивме дел од животот, нашите заштеди, средства да работиме, што не однесоа во амбис и не пореметија нас и нашите семејства. Тие само дозволија да овој организиран криминал се случи и да се развиива со години и достигне незамисливи граници.

Вистината мора да се открие, правдата мора да се задоволи. Ние не сме лопови, ние сме лојални граѓани на оваа земја, плаќаме даноци и допринесуваме за развој на економијата. Нашите пари се украдени на безкрупулозен начин, организирано и свесно. Државата не не заштитила и бараме државата да не обештети, а криминалците веднаш да ги смести таму каде им е местото и да им го заплени имотот. Воедно, државата мора да ги зајакне и контролните и супервизорски механизми на Народна Банка за да не се случува повторно грабеж и пропаѓање на следна банка. Ако тоа не се направи, тогаш само Господ може да помогне на оние кои чуваат пари во банка.

Продолжуваме да се бориме за вистината и правдата до нашата конечна цел!

error

Ви се допадна објавата? Споделете на:


Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/grommk/public_html/objektiv.com.mk/wp-includes/functions.php on line 5279

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/grommk/public_html/objektiv.com.mk/wp-content/plugins/really-simple-ssl/class-mixed-content-fixer.php on line 107