НОВАТА МИНИСТЕРКА ЗА НАДВОРЕШНИ РАБОТИ НА НОВ ЗЕЛАНД СО ТЕТОВАЖА НА ЛИЦЕТО
Џесинда Ардерн e ноовозеландската премиерка која го претстави својот нов кабинет, за кој вели дека промовира различности и го вклучува првиот вицепремиер кој отворено се декларира како хомосексуалец.
Жените и маорската заедница исто така се силно застапени во 20-члениот кабинет, па новата министерка за надворешни работи ќе биде Нанаја Махута, која има традиционална маорска тетоважа на лицето.
„Ова е кабинет кој има големи вредности и талент, но исто така е неверојатно разновиден. Овој тим го одразува Нов Зеланд од кој беше избран“, кажа Ардерн.
Таа за вицепремиер го назначи Грант Робертсон, но појасни дека тоа се должи на неговите лидерски способности, а не на сексуалната определба.