fbpx

Објектив

Погледни подобро

ПО 52 ГОДИНИ ЌЕ СЕ РЕКОНСТРУИРА СТАРОТО МАТИЧНО ВО МЛАДИНСКИ ЦЕНТАР

Денеска започна реконструкцијата на старото Матично во склоп на бараките на Општина Центар по 52 години од неговата изградба  Истото ќе се преинамени во Младински центар.

Градежните и градежно – занаетчиските работи ќе се изведуваат на површина од 470 метри квадратни. Ќе се врши целосна промена на покривот со поставување термоизолација, целосна реконструкција на водоводната и електричната инсталација, промена на нова фасадна столарија со нови енергетско ефикасни прозори, како и поставување нови подови, ѕидни облоги, нови тоалети и ново осветлување.

“Особено се радувам дека белегот на градот Скопје и култниот објект Матично, после 52 години, за првпат ќе биде реконструиран во нов облик и функционален простор за промоција и афирмација на младинската мрежа. Креирањето на еден ваков одржлив и инклузивен центар за младите, ќе претставува сервисен центар, нов мултифункционален простор за реализација на разни едукативни активности за младинските и извидничките организации, како и неформалните групи на млади лица. Младите директно ќе бидат вклучени во креирање на политиките на локално ниво, ќе имаат соработка со основните училишта и ќе работат на социјалното вмрежување и поттикнување на неформалното образование“, рече градоначалникот на Општина Центар Саша Богдановиќ.

Реконструкцијата чини 6,9 милиони денари од кои 5.7 милиони денари се обезбедени од буџетот на Општината, а останатите од Програмата за развој на обединетите нации (УНДП).

Градежните активности се планираат да завршат за два месеци.

error

Ви се допадна објавата? Споделете на: