fbpx

Објектив

Погледни подобро

ТРИ ДЕНА ПО ЗЕМЈОТРЕСОТ ВО ИЗМИР СПАСЕНО ТРИГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ ОД УРНАТИНИТЕ

Речиси по три дена по силниот земјотрес кој ги погоди Турција и Грција во кој, според последните информации, загинаа 81 лице тригодишно девојче е спасено од урнатините на зграда во Измир.

Спасувачките екипи продолжуваат да пребаруваат уште осум згради во Измир, каде што загинаа 79 луѓе, додека две жртви имаше и на грчкиот остров Самос.

Телевизиските снимки го покажаа извлекувањето на тригодишната Елиф од урнатините 65 часа по земјотресот, по што таа беше однесена со амбулантно возило. Двете сестри и братот на Елиф претходно биле спасени заедно со нивната мајка, но едно од децата потоа им подлегнало на повредите.

„Илјада благодарам на нашиот Господ. Ја извлековме Елиф од станбениот блок“, изјави Мемет Гулуоглу, шефот на турската агенција за справување со катастрофи и вонредни ситуации.

Во земјотресот се повредени 962 луѓе.

error

Ви се допадна објавата? Споделете на: