fbpx

Објектив

Погледни подобро

БАЈДЕН ВОДИ ВО ЧЕТИРИ „КОЛЕБЛИВИ“ ДРЖАВИ – ЊУЈОРК ТАЈМС

Кандидатот на демократите на претседателските избори во Америка, Џо Бајден, води во четирите најважни „колебливи“ држави на денот на изборите според најновите анкети

Њујорк Тајмс објави дека Бајден, поранешен потпретседател, е пред Трамп на „бојните полиња“ во Висконсин и Пенсилванија, како и на Флорида и Аризона, според анкетата спроведена од тој весник во соработка со колеџот Сиена.

Неговото водство е најизразено во Висконсин, каде тој има апсолутно мнозинство гласови и води со 52 напроти 41 процент.

На денешните избори, победникот е, може да се каже, однапред познат во 37 од 50 федерални држави во кои гласачкото тело има цврста поддршка за Доналд Трамп или Бајден. На изборната ноќ, фокусот ќе биде на преостанатите 13 во кои и двајцата кандидати можат да победат, па затоа се нарекуваат „колебливи држави“ (swing states). Toа се Тексас, Флорида, Пенсилванија, Охајо, Џорџија, Мичиген, Северна Каролина, Аризона, Висконсин, Минесота, Невада, Ајова и Њу Хемпшир.

error

Ви се допадна објавата? Споделете на:


Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/grommk/public_html/objektiv.com.mk/wp-includes/functions.php on line 5279

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/grommk/public_html/objektiv.com.mk/wp-content/plugins/really-simple-ssl/class-mixed-content-fixer.php on line 107