ВЛАДАТА ГИ ПРЕДЛОЖИ НОВИТЕ ЧЛЕНОВИ НА ОДБОРОТ НА ДИРЕКТОРИ НА МАКЕДОНСКИ ТЕЛЕКОМ
На предлог владината Комисија за именувања, Владата на денешната седница ги донесе следните одлуки:
– Александар Ранѓеловиќ, да го отповика од должноста член на Надзорниот одбор на Железници на Република Северна Македонија Транспорт АД-Скопје, а за член на Надзорниот одбор на Железници на Република Северна Македонија Транспорт АД-Скопје да го избере Ѓоко Илиевски предложен од синдикалната организација.
– Владата ја отповика Верица Узунова од должноста член на Надзорен одбор на АД за производство на електрична енергија Електрани на Северна Македонија во државна сопственост, а за член ја избира Слаѓана Богдановиќ.
Владата заклучи да му препорача на Собранието на акционери на Македонски телеком, Акционерско друштво за електронски комуникации – Скопје, да ги отповика од должноста членови на Одборот на директори и тоа Сашо Велевски од неизвршен член, Замир Мехмети од неизвршен независен член, Дивна Ефтимовска од неизвршен независен член, Мирослав Вујиќ од неизвршен член и Сашо Симјановски од неизвршен член на Одборот на директори, а за членови на Одборот на директори да ги избере:
– Шкодране Зенуни Дарлишта – неизвршен член
– Бардул Насуфи – неизвршен член
– Зоран Китанов – извршен член
– Нина Ангеловска – неизвршен независен член
– Садула Дураку – неизвршен независен член, и
– Аќиф Мехдиу – неизвршен член