fbpx

Објектив

Погледни подобро

ВЛАДАТА ЈА ПРИФАТИ ИНИЦИЈАТИВАТА: НЕДЕЛА ЌЕ БИДЕ НЕРАБОТЕН ДЕН ЗА СИТЕ

Премиерот Зоран Заев на „Фејсбук“ објави дека владата ја прифати иницијативата денот недела да биде прогласен за неработен ден.

„Го задолживме Министерството за труд и социјална политика во рок од 15 дена да достави законско решение за ова прашање“, соопшти тој.

„Владата ја прифати иницијативата: денот недела да биде прогласен за неработен ден! Го задолживме Министерството за труд и социјална политика во рок од 15 дена да достави законско решение за ова прашање. Ова решение е во интерес на граѓаните, неделата треба да биде ден посветен на одмор, ден за поквалитетно време за секој граѓанин на кој тоа му е потребно, ден за семејството, ден за себе“, посочува Заев.

Како што објасни Заев, ова решение е во интерес на граѓаните, бидејќи тој ден треба да биде ден посветен на одмор, за поквалитетно време за секој граѓанин, ден за семејството и ден за себе.

error

Ви се допадна објавата? Споделете на: