fbpx

Објектив

Погледни подобро

„ВO ИД СЕ ПРИКЛУЧИВ ЗА ДА ИМАМ ПОДОБАР ЖИВОТ“ – ИЗЈАВА НА НАПАЃАЧОТ ВО ВИЕНА

Дваесетгодишникот кој во понеделникот вечерта пукаше кон луѓе кои седеа пред ресторан и минувачи во центарот на Виена и во терористичкиот напад уби четири и рани повеќе од 20 лица, потекнува од нормално семејство, сведочеше денеска неговиот поранешен адвокат.

Според сопственото сведочење на судењето во 2019 година и според неговиот адвокат, виенскиот напаѓач ја гледал терористичката организација Исламска држава како негов билет за независе живот.

Кујтим Фејзулаи, чии родители се од тетовско Челопек, беше убиен од полицијата откако изврши смртоносен напад во центарот на Виена.

Фејзулаи и неговиот пријател минатата година биле осудени на 22 месеци затвор за врски со Исламска држава.

Фејзулаи тогаш пред судот во Виена изјавил дека никогаш не се чувствувал дискриминиран во Австрија, но дека има други мотиви да патува во странство и да се обиде да им се придружи на борците на Исламска држава, објави во текот на тогашното судење виенски „Дер стандард“.

„Сакав да побегнам од дома“, рекол тој тогаш. „Очекував подобар живот. Мој сопствен дом, моја плата“.

Фејзулаи и неговиот пријател се заинтересирале за Исламска држава за време на пубертетот, објави тогаш „Дер Стандард“.

Во таа прилика самиот тој изјавил дека бил радикализиран во џамија од почетокот на 2016 година.

Двајцата прво се обиделе да отпатуваат за Кабул, но планот не успел кога откриле дека ја немаат потребната виза за влез. Во септември 2018 година, Фејзулаи сам ја напуштил Австрија и заминал за Турција, во надеж дека ќе се приклучи на Исламска држава во соседна Сирија. Два дена по пристигнувањето во Турција тој бил уапсен и екстрадиран во Австрија.

Фејзулаи бил осуден во април 2019, но бил ослободен на условно во декември истата година.

Според неговиот поранешен адвокат, тој бил во контакт со невладина организација специјализирана за дерадикализација на исламистички екстремисти, која ја одобрила неговата интеграција во општеството.

error

Ви се допадна објавата? Споделете на:


Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/grommk/public_html/objektiv.com.mk/wp-includes/functions.php on line 5279

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/grommk/public_html/objektiv.com.mk/wp-content/plugins/really-simple-ssl/class-mixed-content-fixer.php on line 107