fbpx

Објектив

Погледни подобро

ЗAEВ: БОРБАТА ПРОТИВ TЕРОРИЗМОТ Е ЗАЕДНИЧКА, ПРОВЕРУВАМЕ ИНФОРМАЦИИ И ВО СКОПЈЕ

“Ја следиме состојбата со последниот терористички напад во Виена. И ние тука мораме да проверуваме информации. И ние имавме некои осудени за тероризам во неколку судски процеси под името „Ќелија“, но дел од нив излегле од затвор и продолжиле со криминални активности. Тоа значи дека системот мора поинаку да се постави, системот за ресоцијализација. Никој во светот не имун на терористичките активности и затоа соработката мора да продолжи, информациите се разменуваат. Нам тие информации ни се од голема важност. Институциите функционираат, имаме АНБ, имаме Агенција за разузнавање, проверуваме информации.“- изјави премиерот Зоран Заев во интервјуто на телевизија Сител.

Претходно низ денот Заев, но и претседателот Пендаровски искажаа јавно жалење за настанот до австриските власти.

error

Ви се допадна објавата? Споделете на:


Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/grommk/public_html/objektiv.com.mk/wp-includes/functions.php on line 5279

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/grommk/public_html/objektiv.com.mk/wp-content/plugins/really-simple-ssl/class-mixed-content-fixer.php on line 107