Ова се новите мерки на Владата: Угостителските објекти ќе работат до 21 часот, се забранува групирање на повеќе од 4 лица на јавен простор по 21 часот
Угостителските објекти ќе работат до 21 часот, а по 21 забрането е групирање на повеќе од 4 лица. Ова се дел од одлуките донесени на денешната седница на Владата како дел од новите мерки за спречување на ширењето на коронавирусот, објави премиерот Зоран Заев.
– Се скратува работното време на угостителските објекти до 21 часот, освен за достава и шалтерска продажба на храна.
– Оваа одлука важи и за угостителските објекти на бензинските станици, а не за угостителските објекти на аеродромите во Скопје и Охрид.
– Се забранува групирање на повеќе од 4 лица на јавен простор по 21 часот.
– Усвоена е препорака за сите домашни и странски граѓани на територијата на Македонија по 21 часот да не се движат на јавен простор доколку немаат важни и неопходни потреби.