СО ФУСТАН ОД 3,5 ИЛЈАДИ ДОЛАРИ МЕЛАНИЈА ТРАМП ГЛАСАШЕ НА ФЛОРИДА
Меланија Трамп гласаше на Флорида, поточно во Палм Бич.
Меланија се појави на гласачкото место во 9 часот наутро по локално време, облечена во фустан „Гучи“ со нараквица. Фустанот чини 3,5 илјади долари . Таа ја собрала косата во пунџа и носеше очила за сонце.
Американските медиуми забележале дека не носи заштитна маска кога дошла на гласање.
Доналд Трамп гласал уште минатата недела, користејќи го своето право на глас на избирачко место во Палм Бич. „Гласав за момче по име Трамп“, рече тој во тоа време пред новинарите.