fbpx

Објектив

Погледни подобро

ТРИ ЛИЦА СЕ ПОВРЗУВААТ СО НАПАДОТ НА ВИЕНА: ИСТРАГАТА СЕ ПРОШИРИ!

Во вчерашниот терористички напад во Виена, учествувале три лица со потекло од Македонија и со македонско државјанство. Засега е познат само идентитетот на Кујтим Фејзулаи, 20-годишен роден во Модлинг со потекло од тетовско Челопек. Останатите двајца, за кои австриската полиција побарала податоци од македонското МВР се А.Г и У.А., родени во Сент Полтен и во Виена, но покрај австриското поседувале и македонско државјанство.

Секторот за меѓународна полициска соработка при македонското МВР се ставил на располагање за австриските колеги. И премиерите Заев и Курц оствариле директна комуникација на која се заложиле да соработуваат за расветлување на терористичкиот напад, доколку австриските служби утврдат таква потреба.

Дел од медиумите на албански јазик јавуваат и дека една од жртвите во нападот е 20-годишно момче од струшкото село Велешта. Според медиумите, тој бил во ресторан, а бил застрелан од терористите кога излегол надвор за да пуши цигара.

Она што во моментот е познато за Кујтим Фејзулаи е дека македонските власти немале податоци за негово радикализирање. Тој минатата година завршил в затвор откако турските власти го спречиле да оди на боиштата во Сирија со намера да се бори за Исламска држава. Откако бил екстрадиран, заработил 22-месечна казна затвор, но минатиот декември бил пуштен на условно поради неговата возраст.

Како што објавија дел од западните медиуми, оружјето кое го користел и со кое се фотографирал и објавил на социјалните мрежи непосредно пред нападот ги купил летоска во Словачка каде патувал со соученик.

error

Ви се допадна објавата? Споделете на: