fbpx

Објектив

Погледни подобро

Уште вечерва кафетериите и рестораните ќе работат до 23, од утре ќе важи новата мерка за скратено работно време до 21 часот

Уште вечерва кафетериите и рестораните ќе работат до 23, од утре ќе важи новата мерка за скратено работно време до 21 часот, одлучи Владата на денешната седница.

Новите мерки, ќе стапат на сила од утре.

Од она што официјално се знае е тоа дека угостителските објекти ќе може да примаат и служат гости до 21 часот, а после тоа ќе имаат можност своите услуги да ги понудат онлајн или телефонски со достава до дома или земање на производ од шалтер.

Забраната за групирање на повеќе од 4 лица која досега важеше за по 22 часот, од утре ќе биде поместена и ќе важи по 21 часот.

error

Ви се допадна објавата? Споделете на: